Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ЗабаваТри начини како може да ја искористите кората од лимон

    Три начини како може да ја искористите кората од лимон

    petel baner

    Кората од лимон е корисна и значајна исто колку и внатрешноста на лимонот.

    Веројатно и вие, како и повеќето луѓе, секогаш ја фрлате кората од лимон откако ќе ја искористите содржината на лимонот.

    Веруваме дека знаете колку лимонот е корисен за нашето здравје, а особено за зајакнување на имунолошкиот систем. А дали знаевте дека кората од лимон е исто толку корисна?

    Agrobot

    Лимонот, покрај сода бикарбона и оцет, е одлично природно средство за одржување на хигиената во домаќинството – ефикасен е, безбеден и дава пријатен мирис. Ви откриваме фантастични начини како да ја искористите кората од лимон и трикови кои ќе ве воодушеват.

    Отстранување бигор
    Истурете вода во садот од кој сакате да го отстраните насобраниот бигор и додадете кора од лимони. Варете 15 до 20 минути на тивок оган. По готвењето, садовите ќе бидат чисти, а целата куќа ќе мириса на лимони.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чистење на даската за сечкање
    Измешајте една лажичка сода бикарбона со малку сок од лимони и добиената смеса нанесете ја на даска и добро истријте ја со кора од лимони.

    Спреј за дезинфекција
    Во шерпа прелијте две чаши дестилирана вода, а потоа додадете кора од лимони и десет капки етерично масло со антибактериско дејство. Ставете го капакот и оставете ја водата со кората од лимони и есенцијалното масло да отстои неколку часа, а потоа процедете ја добиената течност и истурете ја во шише со распрскувач.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img