домаАгро ВестиЛов на диви свињи од први септември

Лов на диви свињи од први септември

Prokredit baner

Од први септември ќе почне ловот на диви свињи како една од мерките против африканската свинска чума.

Ловната сезона на диви свињи ќе почне на сите ловишта, освен на ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево.

Со ова решение почнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акцискиот план на Министерството и на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Семенарна хоризонтален банер

Одобрувањето на  почеток на лов на дивите свињи е една од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума, која сериозно го загрозува свињарскиот сектор.  

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Согласно Законот за ловство, дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес на државата, ужива посебна заштита и подлежи на законски мерки во случај на појава и ширење на заразни болести.

Концесионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје како привремени управувачи на ловиштата без концесионер, потребно е да го прилагодат своето работење согласно ова решение.

Petel.mk

Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина. Застреланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место, обележано од страна на концесионерите на дивечот во ловиштата.

Исто така, се задолжуваат концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи. Како и да ги преземат сите мерки пред почетокот на ловот, соопшти Министерството за земјоделство.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img