Некои мириси може да го освежат нашиот ум, да ни помогнат подобро и повеќе да помниме.
Некои мириси може да нѐ разбудат, некои да нѐ смират, некои да создадат чувство на блискост, а некои да ни пружат утеха.
Прочитајте за кои мириси станува збор:
Ванила
Ако ви треба утеха или свеж бран на креативност, помирисајте ја ванилата. Нејзината арома делува смирувачки на емоциите, го поттикнува умот на креација и има афродизијачки својства.
Лаванда
Лавандата е благороден и смирувачки мирис, кој може да ве доведе до зен состојба. Капнете неколку капки на вашата перница масло од лаванда или во средството за туширање и за кратко време ќе потонете во сладок сон.
Гераниум
Многумина го обожаваат неговиот мирис и е докажано дека поттикнува одредени подрачја во мозокот задолжени за хормоналниот баланс, што може да ви помогне да си ги олесните тегобите на ПМС-от.
Мента
Ментата ќе ви помогне успешно да го извежбате вашиот тренинг: нејзиниот мирис ќе ве поттикне да бидете помотивирани во вежбањето, а самите вежби ќе ви се чинат полесни.
Јасмин
Мирисот на цветот на јасмин испушта хемикалии на добро расположение, ги намалува тегобите и дава полет, а неговиот чај помага при слабеењето.
Зрно кафе
Ќе ве смири и ќе ве направи помалку раздразливи по непроспиената ноќ.
Лимон
Исцедете неколку капки лимон додека работите или кога подготвувате испит. Мирисот ќе ви го изостри умот и работната способност.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.