Кочанските оризопроизводители преку протест со блокади на регионалниот пат Штип-Кочани го искажуваат своето незадоволство.
Оризопроизводителите одржаа протест незадоволни од откупните цени и велат дека блокади ќе има секој ден до почетокот на жетвата.
Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците.
Најавено е дека блокадите ќе се поставуваат секој ден до почетокот на жетвата.
-На светската берза цената на белиот ориз скокна на 2.500 евра за тон или 150 денари за килограм, додека кај нас откупната цена стагнира. Затоа бараме откупна цена од 40 денари за оризова арпа и 80 денари за бел ориз – велат организаторите на протестот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.