Бананата е на прво место кога станува збор за овошја што имаат способност да го намалат крвниот притисок.
Бананата е достапна во текот на целата календарска година, па затоа нема причина зошто да не биде дел од вашите секојдневни навики.
Храната и пијалоците имаат важна улога во намалувањето на високиот крвен притисок. А, еден вид храна особено може да помогне да се реши овој здравствен проблем.
„Бананата е на прво место кога станува збор за овошја што имаат способност да го намалат крвниот притисок“, изјави нутриционистката Британи Дан за списанието „Ит дис, нот дет“.
Бананата е богата со калиум, што ги намалува негативните влијанија на натриумот врз телото. Калиумот, исто така, помага да се намали опасноста од мозочен удар и срцеви заболувања.
Една банана содржи приближно 420 милиграми калиум, а има и голема количина разни други електролити, кои ја одржуваат работата на нервниот систем и го регулираат нивото на телесни течности.
Инаку, електролити се – калиумот, магнезиум, натриум, калциум и хлоридите.
Сепак, треба да се има на ум дека е важно да се најде средината. Премалку калиум и премногу натриум, на пример, всушност го зголемуваат крвниот притисок. Возрасните треба да внесуваат 3.500 – 4.700 мг. калиум и 2.300 мг. натриум дневно.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.