Чајот од кантарион со векови се користи за ублажување на симптомите на депресија, лошо расположение и сите нервни заболувања.
Чајот од кантарион делува на хормоните, ги отстранува симптомите на ПМС и менопауза (особено честите промени на расположението). Помага при менструални грчеви, лечи анемија. Може да им се даде на девојчињата во пубертет за да им помогне правилно да ги развијат своите полови органи.
Важно е да се напомене дека оваа билка не е лек кој делува веднаш, но подобрувањето може да се забележи барем по 7 дена од користењето на чајот и придржување кон терапијата.
Реално може да се очекуваат долгорочни резултати по третманот кој треба да трае три до шест месеци. Се препорачува терапијата никогаш да не се прекинува по првите подобрувања.
Подготовка на чај од кантарион:
По една кафена лажичка кантарион прелијте 2 dl топла вода. Ссвежо подготвениот чај пијте го три пати на ден.
Не смеете да заборавите дека ова растение влијае на ефикасноста на лековите, особено на контрацептивните таблети, за кои дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.