Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

More
    домаХраната како лекБабура - одлична за луѓето со срцеви проблеми

    Бабура – одлична за луѓето со срцеви проблеми

    petel baner

    Пиперката бабура поволно влијае на луѓето кои имаат предиспозиција за кардиоваскуларни заболувања.

    „Пиперката е извор на витамини и минерали како А, Е, Б2, Б5, Б9, ПП, цинк, железо и калиум. И, се разбира, таа е одличен извор на витамин Ц. Треба да се има предвид дека за да се зачува витаминот Ц, неопходно е да се јаде овошје и зеленчук. Најдобро е да се послужи свежо непосредно пред консумирање и да се сече со керамички нож“, советува руската нутриционистката Екатерина Маркова.

    Додава дека бабурите го збогатуваат организмот и со влакна. Најмногу влакна има во црвената пиперка, 2,1 грам на 100 грама пиперка.

    Otkup na kompiri

    „Најдобар ефект од користењето на бабурите во исхраната добиваат лицата со предиспозиција за кардиоваскуларни заболувања. Благодарение на витаминот П и витаминот Ц, ѕидовите на крвните садови ќе бидат поеластични“, вели руската нутриционистка.

    agrounik

    Лекарката подвлече дека бабурата е алерген и потребно е да се следи реакцијата на организмот при нејзиното користење во исхраната. Можна е нетолеранција кон овој зеленчук. Покрај тоа, бабурата не треба да ја користат лица со автоимуни болести.

    „Во случај да почувствувате надуеност или пореметување на столицата по конзумирање на бабураа, тогаш немојте да ја јадете свежа, туку термични обработете ја. Оние на кои бабурата им прија можат да ја јадат свежа, особено во текот на летото“, вели таа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Бабурата е позната и како слатка пиперка и е од видот Capsicum annuum. Сортите на растението на овој вид пиперка произведуваат плодови во различни бои, вклучувајќи црвена, жолта, портокалова, зелена, бела и виолетова. Бабурите потекнуваат од Мексико, Средна Америка и северниот дел на Јужна Америка.

    Семиња од бабури биле увезени во Шпанија во 1493 година, а оттаму се прошириле во Европа и Азија. Благата бабура бил развиена во 1920-тите во Сегед, Унгарија.

    Во Македонија доста се одгледува и тоа во Пелагонија, струмичко, велешко и скопско. Денес најголем производител на бабури е Кина, а следуваат и Мексико, Турција, Индонезија и САД.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img