домаАгро ЗабаваЧај од ајдучка трева против многу болести

Чај од ајдучка трева против многу болести

Топол чај од ајдучка трева се препорачува за јакнење на организмот, за подобрување на имунитетот и зголемување на апетитот.

halk bank baner horizontalen ovcar

Ајдучка трева се користи целосно, цветовите, листовите и стеблото може да се користат за правење чај за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и оспи на кожата.

Чајот од ајдучка трева некогаш бил популарен домашен лек за настинки и грип. При подготовка на чај може да се користи свежа или сушена ајдучка трева.

Семенарна хоризонтален банер

Овој чај има малку горчлив вкус, а по желба може да се заслади со мед или шеќер.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Потребни состојки:

1 лажичка сува билка ајдучка трева (или 3 свежи цветови)
200 мл вода
½ лажица свеж сок од лимон
1 лажичка шеќер или мед

Постапка:

Во сад на оган ставете ја водата да зоврие, па ставете ја ајдучката трева, садот поклопете го и оставете го да отстои 10 минути. Потоа процедете, а по желба засладете го и додадете свеж сок од лимон. Се препорачува да се консумира додека е топол!

Pneumatik baner

Не се препорачува за чувствителни лица (кои се алергични на оваа билка) и за бремени жени и доилки.

Во народната медицина ајдучката треба зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот.

petel baner

Една шолја чај од оваа билка дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на жени.

Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од оваа билка.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img