Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНароден лек за триглицериди и холестерол

    Народен лек за триглицериди и холестерол

    petel baner

    Овој природен лек за холестерол и триглицериди им се препорачува на сите кои имаат проблем со вишокот маснотии во крв, но и на лица кои се целосно здрави – како превенција.

    Зголемениот холестерол и триглицериди се смета за еден од најголемите и најчести проблеми на современиот човек.

    Во продолжение можете да прочитате еден исклучително природен лек за холестерол кој секако ќе ви помогне, но само доколку цврсто сте одлучиле да ги смените вашите животни навики во исхраната.

    Otkup na kompiri

    Дознајте како се прави овој лек од лимон и магдонос, кој се покажал како многу ефикасен за чистење на крвните садови од штетните наслаги. Овој природен лек им се препорачува и на сите кои имаат проблем со циркулација на крвта во нозете.

    Потребни состојки:
    3 литри вода
    1 кг органски лимон
    1 кесичка сода бикарбона
    5-6 китки магдонос

    agrounik

    Постапка:
    Лимонот добро измијте го во студена вода. Потоа потопете го во млака вода и наросете сода бикарбона. оставете најмалку еден час за да омекне лимонот.
    Уште еднаш исплакнете, па исечкајте го колку можете поситно заедно со кората, или сомелете го во блендер.

    Истото направете го и со магдоносот. Добро измијте го па ситно исечкајте го заедно со стебленцата или сомелете го во блендер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лимонот и магдоносот ставете ги во поголем сад (шерпа) па прелијте со три литри вода. Варете на тивок оган 2-3 часа, се додека состојките убаво да се сварат и омекнат.
    Потоа, процедете ја течноста, а лековитиот сируп складирајте го во стаклени шишиња или тегли. Обично се добива околу 1,5 литар. Се чува во фрижидер.

    Дозирање:
    Овој природен лек за холестерол и триглицериди се консумира секој ден по една мала ракиена чашка. Најдобро е наутро, додека се уште не сте појадувале, на празен желудник.
    Терапијата се спроведува точно 14 дена. Задолжително, после оваа терапија направете анализа на крвта, за да ги утврдите вредностите пред и после терапијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img