Користете мед секојдневно, има антибактериски својства, полн е со антиоксиданси, па затоа е идеален за зајакнување на имунитетот.
Во антиката, мед се сметал за храна на боговите. Поради своите лековити својства, се користел за спречување разни болести, а пак, Египќаните го користеле и во козметиката.
Поради своите антибактериски својства, како и фактот дека е полн со антиоксиданси – медот е идеален за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, антиоксидансите во медот се поврзани и со намалена опасност од срцеви заболувања.
Ново истражување покажа дека редовната употреба на мед, го ограничува зголемувањето на шеќер во крвта. Исто така, го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
Холестеролот во телото може да влијае на мозокот и нервниот систем. Затоа е важно редовно да се консумира мед, препорачуваат стручњаците.
Медот може да се комбинира со топло млеко или чај од камилица. Ова ќе предизвика ослободување на серотонин, што потоа се претвора и во мелатонин и овозможува поубаво спиење. Тоа ќе помогне против стресот и го подобрува помнењето.
Поради антиоксидансите, медот е идеален и за чистење на кожата и телото од токсини, како и за проблеми со телесната тежина. Само заменете ги слатките со мед. Така, покрај намалувањето на желбата за слатко, се внесуваат и хранливи јаглени хидрати – што е корисно, на пример при тренинг и вежбање.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.