Постојат чаеви кои одговараат на одредена крвна група, помагаат во спречување на болести и одржување на здравјето.
Овие чаеви се најдобри за вашата крвна група:
Крвна група 0
На оние кои ја имаат оваа крвна група им одговара конзумација на месо, а би требало да избегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро се справуваат со стресот, нив најчесто ги мачи желудочната киселина. Чаевите кои им се препорачуваат на луѓето со крвна група 0 се на основа на ѓумбир, женшен, зелен чај и мате, кој е позната замена за кафе.
Крвна група А
Станува збор за многу емотивни и аналитични луѓе, подложни на стрес. Поради што имаат постојано високо ниво на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за претежно растителна храна, медитација и јога, совршено ќе се надополни со секојдневна консумација на соодветен чај. Чаевите соодветни за оваа крвна група се чајот од јасмин, мешавина од сребрен јасмин и зелен чај, како и мешавина од ајдучка трева, невен и мајчина душица.
Крвна група Б
Луѓето со крвна група Б имаат бавен метаболизам, склони се кон автоимуни болести, дебелеење, летаргија, хроничен замор и неуреден сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, а на прво место е бактеријата Escherichie coli. Би требало да пијат млад зелен чај, органски зелен или чај од рибизла, како и имуно-мешавина од бозел, жалфија и маточина.
Крвна група АБ
Припадниците на оваа група се интуитивни, не се толку склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај, нане, божур, сандаловина, како и напитоци од ориз. Идеален избор на чај за нив е мешавина од зелен чај и нане. За мажите со крвна група АБ особено се препорачува мешавината од коприва, нане и чај од рибизла.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.