домаАгро ВестиМакедонија втор извозник на вино во регионот

Македонија втор извозник на вино во регионот

Македонија е втор извозник на вино во регионт и 29-ти најголем извозник на вина во светот.

halk bank baner horizontalen ovcar

Вкупниот извоз на вино е во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports.

Согласно податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот. Но, има успешни обиди за извоз на вино и во Западна Европа и во Кина.

Семенарна хоризонтален банер

Најголем извоз на вино традиционално веќе со години наназад имаме во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
Pneumatik baner

Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, годинава ќе се одржи и Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам. Саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година.

На Саемот за вино, храна и туризам, Македонија ќе се претстави со слоганот „Вкуси го животот”. Фокусот е регионална, глобална, но и домашна промоција на туристичките, гастрономски и винските капацитети на државата.

petel baner

Од Македонија ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни видови македонски вина и ракии. Како и повеќе од десет производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии. Петмина од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img