Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ВестиКамери во кланиците: Шпанија воведува нова мерка

    Камери во кланиците: Шпанија воведува нова мерка

    Камери во кланиците – Овој потег има за цел да обезбеди благосостојба на животните и безбедност на храната за потрошувачите.

    Во шпанските кланици ќе треба да се постават камери во кланиците за да се спречи евентуална злоупотреба на животните пред самото колење, ова е мерка која тамошната влада сака да ја воведе. 

    „ Покрај обезбедувањето на благосостојбата на животните при нивното поминување низ кланицата, тоа ја подобрува и гаранцијата  за безбедност на храната за потрошувачите “, рече министерот за заштита на потрошувачите Алберто Гарзон, пишува france24. 

    Сè е договорено со индустријата 

    „ Ние ќе бидеме првата земја во Европската унија што ќе има задолжителен систем за видео надзор у камери во кланиците “, тврди тој. 

    Владината портпаролка Изабел Родригез вели дека сè е веќе договорено со индустријата. Следниот и последен чекор е одобрение од парламентот. 

    Гиљермо Морено, извршен директор на Equalia, невладина организација која лобираше за реформата, го изрази своето задоволство и ја нарече мерката неопходен и важен прв чекор за подигање на стандардите за благосостојба на животните во овие објекти. Тој додаде дека Англија, Шкотска и Израел веќе имаат воведено таква практика. 

    Ќе ги проверуваат снимките од камерите во кланиците

    Според шпанските правила, видеата ќе треба да се задржат за подоцнежна проверка од властите.

    „ Големите кланици имаат една година да го имплементираат новиот стандард “, соопшти Министерството.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Пекол – петелот на соседот пее по 200 пати на ден
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Што значи зборот „бостан“?
    spot_img
    spot_img
    spot_img