Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ЗабаваСвилена кокошка: Дама која плени со убавина

    Свилена кокошка: Дама која плени со убавина

    petel baner

    Свилена кокошка – го добило своето име благодарение на нејзините необични пердуви, меки на допир како свила. Покрај тоа што изгледа убаво, таа е и многу добра мајка, но тоа не е сè што ја издвојува оваа кокошка од другите живина.

    Не е познато каде и кога првпат се појавиле овие птици, но најдобро документирано место на потекло е античка Кина. Најраните преживеани пишани извештаи за свилените кокошки потекнуваат од Марко Поло, кој пишувал за нив во 13 век за време на неговите патувања во Азија. Тие најверојатно пристигнале во Европа преку Патот на свилата и поморската трговија.

    Свилена кокошка е една од најубавите украсни птици, благодарение на специфичен тип на пердуви, екстремно меки на допир, како свила или сатен. Тие можат да бидат бели, црни, златни, сребрено-сиви. Но, тоа не е сè што ја издвојува оваа коошка од другите.

    Agrobot

    Специфичен изглед на кожата и месото

    Свиленото пилешко има темна боја на кожа, црни коски и сиво-црно месо. Во некои земји, како Кина, ова месо се смета за деликатес. Има пријатен вкус и содржи повеќе протеини, витамини и други хранливи материи од стандардното пилешко. Друга особеност на ова пиле е тоа што има 5 прсти, за разлика од другата живина. Сепак, овие убавини најчесто се одгледуваат како украсна живина, а побарувачката за нив не се намалува со текот на годините.

    Тие не се големи кокошки, тежат 900 грама, додека петлите се малку потешки (околу 1 кг). Грбот им е широк, но краток, а телата им се заоблени. Годишно несат по 60-100 јајца, светло окер во боја.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тие се многу добри мајки, а одгледувачите ги користат за изведување пилиња од други кокошки, како и други видови живина.

    Свилена кокошка е еден од најпопуларните видови украсна живина и тоа е нивната главна цел.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img