Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиКако да одгледате сусам во домашни услови

    Како да одгледате сусам во домашни услови

    petel baner

    Сусам – вкусно семе кое се употребува во најразлични видови на храна и пецива, зеленчук, салата па дури и со риба, а има и многу лековите својства.

    Исто така, со цедење на сусам се добива сусамово масло, кое е едно од најчистите и најздрави масла во светот. 

    Сусамот како растение има многу убав изглед. Има изразито темно зелени листови и цевковидни цветови кои можат да бидат бели или бледо розеви. Возрасните растенија можат да достигнат висина помеѓу 1 и 2 метри во зависност од видот. А семето на крај на периодот на вегетација се вади од сувите мешунки.

    Одгледување на сусам

    За успешно да започнете да одгледувате сусам како посев, потребно е да обезбедите добро место изложено на сонце и земјиште кое добро се дренира. Семето посеано во земја, треба да се држи во затворен простор во текот на првите 4-6 недели, а потоа се пресадува на отворено. Трба да се знае дека пресадувањето се прави откако ќе помине опасноста од доцните мразеви. Растението бара доста сонце и топол воздух. Би било пожелно пресадувањето да се направи тогаш кога дневните темепратури ќе достигнат околу 20 степени. Бидејќи растението се разгранува и високо расте, би требало сусамот да се сади на оддалеченост од околу еден метар растојание во ред. 

    Agrobot

    На ова растение му е потребно од 100-130 денови да ја заврши вегетацијата и да стане подготвено за берење. После опрашувањето, цветовите се развиваат во тесни и неколку сантиметри долги мешунки. Семето е подготвено за берење кога мешунките ќе добијат кафеава боја и благо ќе напукнат. Мешунките кои растат во подножјето на растението, најчесто ќе бидат подготвени за берење уште додека цветовите на врвот се во фаза на цветање, па така повеќекратната берба е загарантирана.

    Берба на семето од сусам

    Рачното берење на домашно одгледаниот сусам најдобро се извршува така што мешунката вниамтелно ќе се оттргне од растението. Потоа мешунки се редат на хартија за да се исушат. Кога ќе станат целосно суви, потребно е нежно да се истријат и да се извади семето. За да се отстрани плевелот и другите остатоци, би било пожелно сеење на семето низ соодветно сито.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чување и употреба

    Целосно исушеното семе најдобро се чува во затворени стаклени тегли  на темно место. За подолго чување, се препорачува да се замрзнување во замрзнувач. Семето сусам може да се консумира како сирово, така и пржено на тава без масло, а може од него да се направи и таан.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img