Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро ВестиКој е најголем производител на сладолед во ЕУ?

    Кој е најголем производител на сладолед во ЕУ?

    Земјите од Европската унија произвеле 3,1 милијарди литри сладолед во 2021 година, четири отсто повеќе отколку во 2020 година. Кој е најголем производител на сладолед во ЕУ?

    Членката на ЕУ која е најголем производител на сладолед во 2021 година е Германија со 614 милиони литри, пред Франција со 459 милиони литри и Италија која произвела 381 милион литри од овој деликатес, покажуваат податоците на Евростат.

    Германците освен што направија најмногу, го направија и најевтиниот сладолед, по 1,4 евра за литар. Производството на сладолед во Франција чинело две евра за литар, а во Италија 2,1 евро за литар.

    Минатата година членките на ЕУ извезле 254 милиони килограми сладолед надвор од ЕУ, додека во исто време увезле 71 милион килограми.

    Најголем извозник е Франција со 57 милиони килограми, што е 22 отсто од вкупниот извоз на сладолед во ЕУ. Втор извозник е Холандија со 38 милиони килограми, а трета Италија со 33 милиони килограми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img