Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаситеЦрна рибизла - плод кој содржи најмногу витамини

    Црна рибизла – плод кој содржи најмногу витамини

    petel baner

    Црна рибизла претставува невисокa грмушка која достигнува околу метар во височина. Листовите се широки и силно сечени.

    Плодовите на црна рибизла се мали собрани во гроздови и личат на обичното грозје. Плодот е кисел или слатко-кисел и го поседува истиот мирис, како и листовите.

    Црната рибизла е најбогата со витамини меѓу сите останати овоштија. Ако човек изеде 50-60 зрна на ден, организмот нема да има потреба од повеќе витамини.

    Француското грозје уште како се нарекува, е 4-5 пати побогато со витамини од лимони и јагодите, 10 пати од јаболкото, 20 пати од вишни и 100 пати од грозјето. Содржи најмногу витамин Ц, кој го олеснува варењето.

    Црната рибизла ја зголемува моќта на меморијата. Големата количина на антиоксиданси која ја содржи се добри за да го заштитат нашиот мозок од оштетувања предизвикани од слободните радикали.

    Од плодовите на црна рибизла се подготвуваат сокови, сирупи, компоти, вино и др.

    При преработката на овошјето, витаминот Ц се задржува добро во производите.

    Agrobot

    Пупките, лисјата и гранките исто така содржат витамини.

    Од листовите и гранчињата се прави напивка која се користи при настинки и други слични заболувања.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    1 лажица бобинки од црна рибизла го намалува визуелниот замор, поготово кај оние луѓе кои  подолго време работат на компјутер.

    1 чаша овошен сок дневно е доволно за да си го зачувате вашето здравје.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img