Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаситеШест намирници кои го хранат вашиот мозок

    Шест намирници кои го хранат вашиот мозок

    Шест намирници кои го хранат вашиот мозок – Овие намирници се богати со антиоксиданси, кои ве штитат и од болести.

    Постојат голем број начини на кои можеме да го поддржиме здравјето на мозокот, како што се физичката активност и менталната стимулација. Сепак, она што е исклучително важно е храната што ја консумираме.

    Ви пренесуваме листа од шест намирници за кои вашиот мозок ќе ви се заблагодари.

    Орев

    Здравствените придобивки од оревите се докажани со многу студии. Количеството на омега-3 масни киселини и антиоксиданси му дава големо значење во превенцијата на болестите. Мали количини, една дланка полна со ореви е доволно омега-3 масни киселини за цел ден. Во споредба со другото коскесто овошје, се смета за најздраво, пред се поради високата содржина на омега-3 масни киселини. Но и поради двојно поголемата содржина на антиоксиданси.

    Жолчка од јајце

    Жолчките имаат повисоки нивоа на холестерол и маснотии од белките. Но имаат и повисоки нивоа на калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Вишокот на натриум можеби не е најдобар за нашиот организам, но на телото му се потребни и сите останати минерали кои ги обезбедува жолчката од јајце. Од витамините најзначаен е големиот процент на витамин А во нив.

    Боровинки

    Боровинките се вистински рудник на антиоксиданси, витамини и минерали, особено калциум, фосфор, железо и витамин Ц. Ова вкусно овошје се препорачува и за превенција од разни болести како што се крвни болести, срцеви заболувања, за регулација на шеќер и масти, кај болести на уринарниот тракт, рак. Боровинките ја стимулираат капиларната циркулација во мозокот, со што обезбедуваат максимален проток на хранливи материи и кислород, што ги подобрува когнитивните функции, ги спречува и лекува симптомите на деменција, ја забавува Алцхајмеровата болест, ја зајакнува меморијата, концентрацијата и ја зголемува интелигенцијата.

    Темно чоколадо

    Клучниот елемент на чоколадото е какаото, колку повеќе од него, толку повредна е чоколадата. Зрната какао кои се наоѓаат во темното чоколадо содржат флавоноиди кои ги опуштаат крвните садови и ги спречуваат да ја изгубат еластичноста, односно овозможуваат крвта да тече до мозокот. Еластичните крвни садови го спречуваат формирањето на атеросклероза, заболување на големи и средни мускулни артерии и покачен крвен притисок, па дури и го држат дијабетесот под контрола. Флаваноидите ја стимулираат активноста на мозокот и голем број невролошки процеси во мозочните региони одговорни за учење и меморија. Се смета дека флавоноидите го спречуваат формирањето на канцерогени клетки.

    Мача

    Чајот од мача содржи 15 пати повеќе антиоксиданси од некои намирници – боровинки или калинки. Многу е богат со витамин Ц, А, влакна и железо. Многу добро се бори против бактерии, вируси и габични заболувања. Антиоксидансите ги штитат клетките од слободните радикали, а содржи катехини кои го намалуваат воспалението во телото и ги обновуваат клетките. Една од многуте придобивки е тоа што чајот од мача смирува и е многу добар во борбата против стресот, а во исто време го зголемува вниманието и не држи будни.

    Семки од тиква

    Јадењето семки од тиква е еден од одличните начини за снабдување на организмот со потребните хранливи материи кои не можете да ги најдете во изобилство во другите намирници. Од друга страна, овие вкусни семки содржат и одредени природни материи кои помагаат во лекувањето на одредени нарушувања и болести.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Пластични или глинени саксии?
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Атомизер Континентал
    spot_img
    spot_img
    spot_img