Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиПроизводи опфатени со договорот за безбедност на храната "Отворен Балкан"

    Производи опфатени со договорот за безбедност на храната “Отворен Балкан”

    petel baner

    Министерот за земјоделство на Србија Бранислав Недимовиќ, министерот за земјоделство на Македонија Љупчо Николовски и министерката за земјоделство на Албанија Фрида Крифка во петокот, 2 септември, го потпишаа Договорот за механизми за безбедност на храна во Западен Балкан. Во анексот на договорот, кој беше потпишан на самитот како дел од иницијативата Отворен Балкан, се наведува списокот на производи опфатени со него.

    Списокот на основни земјоделски и прехранбени производи од анексот вклучува: пченка, пченица и спел, пченично и спелно брашно. Потоа, млечни производи, бел шеќер во цврста форма, сончогледово масло, тестенини варени, неварени или полнети, житарки, гриз, овошје (свежо и замрзнато), зеленчук (свеж и замрзнат), месни производи, и др.

    Да потсетиме, целта на договорот е членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ меѓусебно да си помагаат во случај на прекин на синџирите на снабдување поради последиците од светската криза. Кога една од земјите се соочува со недостиг во снабдувањето со основни земјоделски и прехранбени производи на домашниот пазар.

    Приоритет во меѓусебната размена на основните прехранбени производи

    Лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ се согласија дека земјите ќе имаат приоритет во меѓусебната размена на основните прехранбени производи. Исто така и дека нема да има реекспорт на храна на трети пазари.

    Во рок од еден месец од стапување во сила на договорот, ќе се формира работна група која ќе го следи договорот. Таа група ќе предложи подобрувања, расчистување и спречување на евентуална злоупотреба.

    Agrobot

    Сите три земји се согласија дека нивните надлежни органи ќе работат на мапирање на нивните складишни капацитети. Ќе бидат разменети листи на капацитети за складирање на жито. Ова треба да се направи во рок од 90 дена од стапувањето во сила на договорот.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата рече дека Отворениот Балкан веќе дава конкретни резултати. Трговската размена со сите земји е зголемена од 12,5 на 29 отсто.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Земјите се обврзуваат да работат на дополнително подобрување на меѓусебната трговија. Се со цел дополнително да обезбедат основни земјоделски и прехранбени производи за време на кризни ситуации. Нивните надлежни органи ќе работат заедно на развојот на патоказот/акциониот план на ИОБ за безбедност на храната во 2030 година.

    Тој документ ќе се занимава со прашањата за безбедноста на храната во Западен Балкан. Особено со иницијативата Отворен Балкан, како што е идентификацијата на ризиците и предизвиците за безбедноста на храната. Фокусот ќе биде ставен на иницијативите за справување со ефектите од климатските промени, дигитализацијата и иновациите во прехранбената индустрија и одржливоста во производството на храна низ целиот регион и синџирот на земјоделска и прехранбена вредност.

    Договорот ќе биде во сила пет години, по што автоматски се продолжува за следните едногодишни периоди.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img