Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиИзведете ги децата надвор дури и кога температурите паѓаат!!

    Изведете ги децата надвор дури и кога температурите паѓаат!!

    Есента ги остава парковите празни, бидејќи родителите се грижат дека децата можат да настинат доколку си играат на отворено.

    Штом температурата ќе падне под 15 степени, тие претпочитаат да ги носат во игротеки или да им кажат дека е подобро да останат дома. Сепак, излегувањето на свеж воздух е важно во секоја сезона, па дури и во есен.  

    Еве неколку причини зошто се препорачува да се биде надвор:


    – Секој орев, костен или желад што ќе го земе детето за време на игра има позитивни бактерии и тие го зајакнуваат имунитетот. На овој начин организмот создава одбрана од бројни болести. 

    – Лекарите потсетуваат дека активноста на отворено, трчање или пешачење, му дава можност на детето да дише свеж воздух. Тоа благотворно делува и на респираторниот тракт, го чисти и го намалува кашлањето. 
     
    – Сончевата светлина е лек, особено во есен, кога не е толку силна, но гали и кога надвор е многу студено.

    – Истражувањата покажуваат дека трауматските, стресни животни моменти помалку предизвикуваат психички нарушувања кај децата кои често поминуваат време во природа. 
     
    – Вештачката светлина го ослабува фокусот на окото, додека дневната светлина го враќа во нормала. Затоа е важно детето да биде надвор секој ден.

    – Да се ​​биде на отворено ја намалува хиперактивноста, бидејќи децата се посмирени по играњето и со поголемо внимание пристапуваат кон решавање на задачите и другите активности.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Одгледувајте ѓумбир во вашиот дом
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Зошто мачките ја мразат водата толку многу?
    spot_img
    spot_img
    spot_img