Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени субвенции за обележани грла кози

    Исплатени субвенции за обележани грла кози

    petel baner

    Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла кози.

    Кај оваа мерка како корисници се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози.

    Agrobot

    Исплатена е финасиска поддршка во вкупен износ од 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози.

    Директните плаќања кон одлегувачите на кози изнесуваат 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Преку ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства наменети за испалта на субвенциите кон земјоделците. Со овие средства до крајот на годината МЗШВ, целосно ќе ги исплати заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе започне и авансната исплата на субвенциите.

    Согласно подготвената динамика за исплата следува исплатата на субвенциите кон сточарите, одгледувачи на овци и гоеници. Претходно во текот на месец август, АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда и пчели. Односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници и 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img