Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛековити својства на мистериозниот син чај

    Лековити својства на мистериозниот син чај

    petel baner

    Син чај – освен што изгледа многу убаво и необично заради својата боја, овој чај е многу вкусен и корисен за здравјето.

    Син чај се добива од сина тајландска орхидеја која расте главно само на Тајланд.
    Овој цвет има само три ливчиња, а тие се отвораат само рано наутро, кога е и единствената прилика да се набере цветот за да се собере потребниот материјал за чај.

    Синиот чај најчесто се консумира во комбинација со ѓумбир, маточина, нане или цимет.

    Откако ќе се свари, чајот може да ја промени бојата во црвена, виолетова или зелена во зависност од неговата pH вредност. Освен тоа, цветовите на орхидејата се користат и како природни адитиви за боја за храна.

    Ова се лековитите својства на чајот:

    Agrobot

    Богат со антиоксиданси

    Антиоксидансите се соединенија кои ги отстрануваат молекулите познати како „слободни радикали“. Премногу слободни радикали во телото можат да доведат до оксидативен стрес кој може да го поттикне развојот на одредени болести. Покрај тоа, антоцијанините се антиоксиданси кои се борат против болестите како срцевите заболувања, дијабетес и одредени видови рак.

    Ја подобрува работата на срцето

    Синиот чај може да го подобри здравјето на срцето преку регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може да го намали крвниот притисок преку неговите својства за вазорелаксација – проширување на крвните садови со цел да се подобри протокот на крв. Освен тоа, може да се пофали и со антитромботски ефекти. Со други зборови, може да го спречи згрутчувањето на крвта што претставува еден од најголемите ризици за мозочен удар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поволен за лекување дијабетес

    Синиот чај може да го регулира и нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината орхидеја можат да ги инхибираат ензимите за варење. Од друга страна, ова доведува до намалено ниво на шеќер и инсулин во крвта.

    Ја подобрува функцијата на мозокот

    Истражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може значително да ја подобри меморијата и да го спречи понатамошното губење на меморијата кај пациентите со Алцхајмерова болест.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img