Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиВо овие ситуации, маслиново масло треба да се избегнува

    Во овие ситуации, маслиново масло треба да се избегнува

    Иако маслиново масло е една од најздравите намирници во светот, сепак постојат ситуации во кои воопшто не треба да се користи.

    1. Маслиново масло за пржење

    Исклучително е добро за здравјето на срцето, но станува штетно кога го изложуваме на високи температури. Иако оваа тема предизвикува многу контроверзии, подобро е да се спречи потенцијална штета. Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека греењето ја уништува структурата на маслото. Наместо тоа, практикувајте да го користите како „зачин“ за готовото јадење.

    2. За скара

    Постојат многу рецепти за маринада кои го спомнуваат ова масло. Иако не е штетно, сосема е непотребно да се користи маслиново масло за овие цели бидејќи едноставно гори. Всушност, месото и зеленчукот за печење не треба да се подмачкаат со масло. Доволно е тоа да го направите со решетките на скарата, а храната да се маринира во суви зачини.

    3. За лице

    Многу луѓе користат маслиново масло и за козметички цели, најчесто како маска за коса, масло за масажа или нега на кожата. Меѓутоа, кога станува збор за лицето, тоа треба да се избегнува! Причината за тоа е што е густо и ги затнува порите, поради што луѓето кои се склони кон акни треба да ги исфрлат од нивната козметичка рутина.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img