Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаситеТрнинка - лековит дар од природата

    Трнинка – лековит дар од природата

    Трнинка е лековит дар од природата кој во себе содржи многу лековити својства, а е доста е застапена и во нашите краеви.

    Плодовите трнинка содржат и многу антиоксиданси и го зајакнуваат имунитетот.

    Трнинката ја прочистува крвта и одлична е за празнење на цревата, како и за излачување пот и урина, па затоа е препорачлива за олеснување на болките од гихт поради наталожените штетни материи на зглобовите.

    Од плодовите се прави чај, мармалад, сок, ликери, тинктури.

    Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври.

    Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени. Се чуваат во хартиена амбалажа.

    ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА 

    Чај од цветови на трнинката се користат против зголемена простата и против болести на уринарните патишта.

    Коренот од трнинки порано се користел за лекување грозница. Чајот од цветовите на трнинките помага при воспаление на белите дробови и бронхитис.

    Плодовите се користат при заболување на органите за варење, лекуваат ефикасно проливи, помагаат  при воспалување на тенкото црево. Ги намалуваат крварењата и воспаленијата, ефикасни се за лекување на хронично воспаление на дебелото црево. Притоа се намалува крварењето, грчевите и болките и се проретчува столицата.

    Плодовите можат да се користат и во стоматологијата за лекување на болни непца.

    Бидејќи во себе содржи големо изобилство на витамин Ц и железо, таа е извонреден лек за слабокрвност, анемија и за јакнење на организмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img