Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиИндија го ограничува извозот на ориз

    Индија го ограничува извозот на ориз

    petel baner

    Индија го забрани извозот на ориз и наметна извозна давачка од 20 отсто за другите видови жито. Се со цел да обезбеди снабдување за граѓаните и да го ублажи растот на цените на домашниот пазар предизвикан од помалку засадени површини поради слабите монсунски дождови.

    Индија е најголемиот светски извозник на ориз и го продава на повеќе од 150 земји. Намалените залихи ќе додадат притисок врз цените на храната, кои веќе растат поради сушата и конфликтот во Украина.

    Потпросечните врнежи од дожд во главните региони за производство на ориз во Индија, како што се Западен Бенгал, Бихар и Утар Прадеш, ја поттикнаа загриженоста за производството. Индија веќе го забрани извозот на пченица и ја ограничи испораката на шеќер оваа година.

    Пред неколку дена Њу Делхи целосно го забрани извозот на кршен ориз. Него го увезуваа група сиромашни африкански земји, како Сенегал и Џибути, за човекова исхрана.

    Најголем купувач беше Кина, која лани увезла околу 1,1 милион тони, а најмногу ги користи за добиточна храна.

    Владата на Индија, воведе царина од 20 проценти за извоз на други видови ориз, со исклучок на делумно варениот и оризот басмати.

    – Царините ќе влијаат на белиот и кафеавиот ориз. Тие сочинуваат повеќе од 60 отсто од извозот на Индија.

    На Индија отпаѓа повеќе од 40 отсто од глобалниот извоз на ориз, со конкуренција од Тајланд, Виетнам, Пакистан и Мјанмар.

    – Индискиот извоз би можел да се намали за најмалку 25 отсто во следните месеци поради царините.

    Agrobot

    Извозниците бараат Владата да обезбеди одредено олеснување за веќе потпишаните договори за извоз.

    Извозот на ориз од Индија достигна рекордни 21,5 милиони тони минатата година. Тоа е повеќе од следните четири најголеми извозници на жито во светот заедно – Тајланд, Виетнам, Пакистан и Соединетите Американски Држави (САД).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Индија беше убедливо најевтиниот снабдувач на ориз и тоа до одреден степен ги заштити африканските земји, како Нигерија, Бенин и Камерун, од растот на цените на пченицата и пченката – изјави неименуван трговец од Мумбаи од глобална трговска компанија.

    Тој додаде дека до сега поскапувале сите земјоделски производи, освен оризот, а сега им се придружи и тој.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img