Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНевен: билка со драгоцени лековити својства

    Невен: билка со драгоцени лековити својства

    petel baner

    Невен е една од најупотребуваните билки, како во фитотерапијата, така и во народната медицина.

    Невен е карактеристична медитеранска билка со изразени златножолти или портокалови цветови.

    Цвета од пролет до есен,а во приморските региони ипреку цела година. Расте по ливади и диви места, а поради специфичниот мирис често се култивира и во градините

    Благодарение на неговиот сложен хемиски состаб, невенот се користи за превенција и за лекување на широк спектар на болести. Примарно, во тераписки цели се користат цветовите од невен кои одамна се познати како лековити.

    Третман на кожа

    Поради своето антивоспалителнои антисептично дејство,невенот надворешно се користи за третман на полесни воспаленија на кожа, исеченици, повреди, рани, изгореници, осипиод пелени кај бебиња, модринки и рани кои тешко заздравуваат.
    Има изразено антиоксидантско дејство, па се користи во кремови против стареење и лосиони за сува, чувствителна и оштетена кожа. Ги штити клетките од стареење и деградација.
    За невенот, со право може да се каже дека е мевлем за кожата бидејќи речиси и да нема кожно заболување каде што не наоѓа своја примена. Во разни форми се употребува кај: брадавици, егземи, псоријаза, чиреви, себореја, херпес зостер, фистули, маститис, рани што гнојат или тешко зараснуваат.
    Поради содржината на каротеноидите, невенот е идеален за употреба во летниот период бидејќи ја штити кожата од изгореници и алергии од сонце, а штити и од појава на некоивидови рак на кожа.

    Agrobot

    Хемороиди, проблеми со системот за варење, третман на чиреви

    Невенот е ефикасен и во третманот на хемороиди и тоа се должи на аналгетското, антисептично и против воспалително дејство.
    Традиционалната употреба предвидува орална употреба на невенот за намалување на тегобите предизвикани од лошо варење, желудочни и дуоденални чиреви, тегоби со жолчката. Воедно, ги смирува грчевите на цревата, желудникот, мазните мускули, го олеснува лачењето на жолчката. Поволно делува на функцијата на црниот дроб и со своето дејство е благо пријатен за слузокожата на овие органи.
    Тој е познат детоксикатор и се користи во разни комбинации со други чаеви за прочистување на крвта.

    Го урамнотежува менструалниот циклус

    Невенот е добар природен антиспазмолитик. Неговата употреба ги олеснува симптомите на болните менструации и помага во урамнотежување на месечниот циклус. Пиењето чај од невен може да помогне во отстранување на грчевите во ПМС и болните грчеви при менструација

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Антигабично дејство

    Невенот се покажал како ефикасно средство против габички, посебно кандида и атлетско стапало.

    Го подобрува оралното здравје

    Цветот од невен е одобрен за употреба за лекување на рани што зараснуваат бавно, за плакнење на устатаи грлото, како и затретман на афти.
    Сè почеста примена последните години наоѓа во пастите за заби и средствата за промивање на уста поради неговото антибактериско и антимикробно дејство. Воедно,помага и во намалување на воспалението на непцата, гингивитис, забен камен итн.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img