Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ВестиОбјавен список на храна и пијалоци: Во Германија се подготвуваат за рестрикции...

    Објавен список на храна и пијалоци: Во Германија се подготвуваат за рестрикции на струја

    Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи во Германија ги советува граѓаните да складираат храна и вода за десетина дена во случај на вонредни ситуации.

    Германската асоцијација на градови и општини предупреди на можен прекин на електричната енергија во таа земја. Причината е енергетската криза, па сериозно се подготвуваат за ситуација која може да опфати милиони граѓани. Здружението објави листа на залихи со кои треба да се снабди секое домаќинство во случај на прекин на струја, вода и гориво. Граѓаните беа повикани сериозно да ги сфатат федералните препораки за цивилна заштита. 

    Храна за 10 дена

    Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи на Германија ги советува жителите да складираат резерви за итни случаеви за десетина дена. Бидејќи, како што објаснуваат, во случај на поголема штета, спасувачките служби не можат да бидат насекаде истовремено. „Оние кои се подготвени можат да си помогнат себе си, своите роднини и соседи додека не пристигне државната помош и да ја намалат штетата со заштитни мерки“. Ова стои на нивната веб-страница, каде што даваат пример и за десетдневна основна набавка на пијалоци и храна за едно лице, што одговара на околу 2.200 килокалории дневно. 

    • 20 литри вода (или само вода од чешма)
    • 3,5 килограми житарки, производи од житарки, леб, компири, тестенини и ориз
    • 2,5 килограми овошје (во лименки или тегли) и јаткасти плодови
    • 4 кг мешунки и зеленчук (во лименки или тегли)
    • 2,6 килограми млеко и млечни производи
    • 1,5 кг риба, месо и јајца или цели јајца во прав кои имаат рок на траење од неколку години
    • 0,4 килограми маснотии и масло
    • Храна која не треба да се загрева или готви. Шеќер, мед, чоколадо, инстант супа, тврди колачиња, стапчиња и сл. – количина по желба
    • Шпорет на гас (за кампување) за загревање храна.
    Велат дека овие количини ги откупуваат постепено и ги надополнуваат залихите откако ќе потрошат дел од нив. 

    Имено, поради евентуално губење на гас може да дојде до преоптоварување на електричната мрежа. 

    „ Ако 650.000 продадени греалки оваа година се приклучат на мрежата, во случај на прекин на снабдувањето со гас, ќе има преоптоварување “.

    Подготвени се и за хакерски напади кои би можеле да доведат до истата ситуација. На ова Германија не е подготвена. Тој ги повика граѓаните да се снабдат со вода и храна бидејќи во случај на рестрикции нема да добијат ништо.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img