Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Friday, October 11, 2024

More
    домаАгро ЗабаваХризантема - есенска цветна убавица

    Хризантема – есенска цветна убавица

    petel baner

    Хризантема е едно од најпопуларните есенски цвеќиња кое плени со својата раскошност и разнобојност.

    За одгледување на преубавите примероци на хризантема во облик на грмушкаста топка потребно е многу знаење и умешност. Но, постојат видови кои без проблем може да се одгледуваат на балконот или во градината.

    Хризантемата има околу 7000 различни видови, а основната поделба е на видови кои почнуваат да цветаат во средина на летото, и видови кои цветаат во есен. Има и поделба по големината и видот на цветот.

    Otkup na kompiri

    Хризантемите се садат на сончево место на раздалеченост од 30-50 cm и тоа закоренета резница или младо растение кое изникнало покрај матичното. Најдобро е да ги посадите во средината на април.

    agrounik

    Ако садите хризантема која расте високо, веднаш ставете стапче покрај неа за да и служи како потпора кога ќе расте. Кога ќе се закорени младото растение потребно е да се откине мекиот врв за да се постигне грмушкаст облик.

    Во текот на летото полевајте ги редовно, тие треба постојано да бидат влажни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во доцна есен кога ќе прецветаат и ќе паднат температурите, одрежете го стебленцето на околу 15 cm. Покријте ги со слама и листови за да може без проблем да ги преживеат ниските зимски температури.

    Има потреба од многу влага, па не дозволувајте земјата целосно да се осуши бидејќи листовите прво ќе омлитават, па ќе пожолтат. Прихранувајте го на секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img