Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

More
    домаАгро ВестиГерманија ќе воведе забрана за извоз на пестициди штетни по здравјето

    Германија ќе воведе забрана за извоз на пестициди штетни по здравјето

    Германија од следната пролет ќе забрани извоз на пестициди кои не се одобрени за пазарот на ЕУ во трети земји, пренесува Euractiv.

    Германското Министерство за земјоделство подготвува национална регулатива која ќе стапи на сила од пролетта 2023 година. Со неа, како што е најавено, ќе се забрани извоз на одредени производи за заштита на растенијата кои се штетни за здравјето на луѓето и чија употреба е забранета во ЕУ.

    Министерот за земјоделство Џем Оздемир оцени дека е неприфатливо да се продолжи со извоз на пестициди кои се штетни.

    – Неприфатливо е да продолжиме да произведуваме и имаме извоз на пестициди кои со право ги забранивме. Мораме да го зачуваме здравјето на луѓето – рече тој.

    Германија, ќе инсистира на забрана за извоз низ ЕУ заедно со Франција. Мора да се обезбеди „заштита на здравјето на луѓето и да се постават глобални стандарди“.

    – Луѓето насекаде имаат исто право на здравје, а тоа мора да важи и за земјоделците во другите земји – рече Оздемир.

    Германија во 2021 година извезла повеќе од 8.500 тони активни неодобрени супстанции. Тие се користат во производите за заштита на растенијата. Вкупно се извезени 53.000 тони, соопшти Министерството. Се смета дека околу 160 неодобрени супстанции имаат својства штетни за здравјето на луѓето, пренесува Еурактив.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Магнолија – лековита убавина
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Зошто е важно да се олади свежо млеко?
    spot_img
    spot_img
    spot_img