Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаситеМагнолија - лековита убавина

    Магнолија – лековита убавина

    МагнолијаОсвен што е едно од најубавите градинарски растенија, има и повеќе лековити намени. Кората и цветовите долго време се користат како хербални лекови во традиционалната кинеска медицина. Што ни нуди оваа убавица ќе дознаете во следните редови.

    Магнолија е широк поим кој вклучува повеќе од 200 различни видови од семејството на цветови Magnoliaceae. Цветовите и кората на магнолија се пофалени за нивната повеќекратна медицинска употреба. Некои од лековитите својства се базираат на традиционалната медицина, додека други се откриени со современи истражувања. Долго време има почесно место во кинеската традиционална медицина, а денес нашироко се смета за корисен додаток или хербален лек.

    Потекнува од Источна и Југоисточна Азија, особено Кина, и постои повеќе од 100 милиони години, дури и пред еволуцијата на пчелите. Некои од нејзините сорти се ендемични и за Северна и Централна Америка, како и за делови од Јужна Америка. Благодарение на нивната екстремна отпорност, која грмушките и дрвјата со овие цветови ја стекнале за време на еволуцијата, тие развиле уникатен состав на хранливи материи и органски соединенија.

    Најимпресивните здравствени придобивки од магнолија ја вклучуваат нејзината способност за ублажување на анксиозноста. Потоа намалување на гингивитисот, лекување на менструални грчеви и подобрување на респираторното здравје. Кората од магнолија помага и во детоксикација на телото, слабеење и заштита од тешки алергиски реакции.

    Магнолијата е поврзана и со намалување на маснотиите околу црниот дроб, една од основните причини за откажување на црниот дроб по долготрајно и прекумерно консумирање алкохол. Истражувачите покажаа дека тоа е ветувачки лек за овој широко распространет проблем.

    Магнолија и несакани ефекти

    Кога се зема преку уста: Екстрактот од магнолија е веројатно безбеден за повеќето луѓе кога се користи до 6 недели.
    Ако се користи во паста за заби: Магнолија е безбедна за повеќето луѓе ако се користи до 6 месеци.
    Кога се нанесува на кожата: Некои луѓе доживуваат осип на кожата.
    Бременост и доење: Земањето цветови (пупки) магнолија орално не е безбедно за време на бременоста. Може да предизвика контракција на матката, што може да доведе до спонтан абортус. Исто така, нема доволно веродостојни информации за да се знае дали кората од магнолија е безбедна за употреба за време на бременоста. Бидете на безбедната страна и избегнувајте да ја користите доколку сте бремени. Исто така, не треба да се користи за време на доењето.

    Важна забелешка:  Употребата на лековити растенија и делови од лековити растенија е информативна. Ако имате здравствени проблеми, сте бремени или доите, прво мора да се консултирате со вашиот лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img