Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиДали свинска маст може да се расипе?

    Дали свинска маст може да се расипе?

    Откако цената на маслото порасна, многу домаќинки се префрлија на користење на свинска маст за да заштедат пари. Се смета дека маста е поздрава од маслото и дека храната е многу повкусна, но до кога можеме да ја користиме за готвење?

    Како и кај сите масти за готвење, на крајот, и таа може да се раипе. Бидејќи свинската маст е составена претежно од молекули на заситени масти, таа има тенденција да биде цврста на собна температура и има постабилна структура.

    Иако свинска маст сигурно може да се чува на собна температура во оставата, чајната кујна или на друго место, веројатноста за расипување е значително зголемена кога температурата не се одржува константна.

    Свинската маст складирана на собна температура ќе се чува околу четири до шест месеци, во зависност од условите. Спротивно на тоа, свинската маст складирана во фрижидер има рок на траење од околу една година.

    Во двата случаи, одговорот на прашањето: “Дали маста има рок на траење?” останува иста. Има рок на траење, но зависи од условите за складирање.

    Како да складирате свинска маст?

    Најважното нешто што треба да се запамети кога складирате маст е да ја чувате во цврсто затворен сад. Цврсто затворен сад ќе ја ограничи изложеноста на кислород, одржувајќи ја посвежа подолго време. Задолжително чувајте ја подалеку од директна сончева светлина или топлина. И двете може да доведат до значително скратување на рокот на траење.

    Дали маста има рок на траење ако ја замрзнеме? Свинската маст секако може да се замрзне, но тоа не значи дека можеме да ја чуваме засекогаш. Мора да се завитка во восочна хартија, а потоа да се покрие со пластична фолија за да се спречи изложување на воздух. Не сакате маснотиите да ги соберат вкусовите на замрзнувачот!

    Како да знаете кога на свинската маст и е „истечен рокот“?

    Мирисот е најдобар показател. Ако свинската маст има непријатен, кисел или на друг начин „необичен“ мирис, не треба да се консумира. Ова ќе биде позабележително кога маснотиите се чуваат на собна температура.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Кое вино се пие со која храна
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Како да го чувате празот во зима
    spot_img
    spot_img
    spot_img