Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ВестиНајслаба жетва на пченка во Франција

    Најслаба жетва на пченка во Франција

    petel baner

    Франција би можела да има најслаба жетва од 1990 година. Постојат две причини за толку слаба сезона кога е во прашање пченка.

    Франција објави најслаба жетва на пченка во последните 30 години. Статистичката служба на француското Министерство за земјоделство Agreste ја намали проценката на француската жетва на оваа житарка на 11,3 милиони. Тоа е најслабата сезона од 1990 година, пишува reussir.fr. 

    Годинава производството на жито ќе биде намалено за 25,3 отсто на годишно ниво и за 16,6 отсто во однос на петгодишниот просек, во набљудуваниот период 2017-2021 година. На тоа најмногу влијаеле високите цени на ѓубривата и екстремната суша.

    Падна и приносот на пченка за силажа. Недостатокот на влага во некои области значеше дека онаа за жито мораше да се користи како добиточна храна. Француското здружение на производители на пченка AGPM очекува жетва под 11 милиони тони, што претставува историски низок принос.

    Понизок принос и во САД 

    Откако минатата недела цените на ова жито паднаа под притисок на залихите од Украина и добриот принос во Јужна Америка, тие сепак пораснаа. Кога USDA во својот извештај ја намали проценката на американската реколта на 354 милиони тони поради сушата што зафати некои држави, дојде до пораст на цените на американските берзи, пренесува  Agrarheute. 

    Се очекуваше Јужна Америка да има високи приноси на пченка и соја. Сепак, Бразил ја намали проценката на жетвата на 113,3 милиони тони. Се стравува и од повторна блокада на пристаништата на Црното Море.

    Agrobot

    Сето тоа предизвикува секојдневни осцилации на пазарот. Така, на 19 септември тон на париската берза чинеше 328 евра, а на берзата во Чикаго 266,2 евра. 

    Украинските акции ги намалуваат цените

    Според податоците на Државната царинска служба на Украина, од 1 јули до 14 септември извозот изнесува околу 5,8 милиони тони житарки и мешунки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лани изнесуваше 10,93 милиони тони, од кои во септември се извезени 2,3 милиони тони, додека годинава се извезени 1,83 милиони тони пченица и 3,4 милиони тони пченка.

    Има големи залихи на пченка од претходната реколта. Според проценките, тие изнесуваат од 5,3 до 5,5 милиони тони за пченица , 1,1 милион тони за јачмен и 7,7 милиони тони за пченка. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img