Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаситеЗамија – цвеќе за среќа и пари

    Замија – цвеќе за среќа и пари

    Замија е собно цвеќе познато по својата духовна моќ и способност да ја апсорбира негативната енергија.

    Замија се смета и за растение кое привлекува пари и среќа, па често краси многу домови, работни простори и канцеларии. Се верува дека ова неверојатно растение му носи благослов на својот сопственик.

    Замијата е цвеќе кое не бара многу внимание и посветеност, а ќе ве награди со раскошни зелени ливчиња.

    Се полева со вода од прилика еднаш месечно, па дури и поретко. Не треба да претерувате со водата, бидејќи на тој начин ризомот ќе почна да скапува, а листовите да пожолтуваат.
    Ова зимзелено растение потекнува од Африка, а поради раскошниот изглед и лесното одржување последниве неколку години стана особено популарно како собно саксиско цвеќе.

    Може да израсне и до 100 cm во висина. Се одликува со дебели фиданки во вид на стебла на кои растат сјајни, мазни и цврсти зелени ливчиња.

    Треба да внимавате да биде на светло, но да не биде директно изложена на сонце. Температурата не треба да се спушти под 15 степени во просторијата каде што ја одгледувате. Оптималната температура за оваа билка изнесува од 18 до 24 степени.
    Цвета од средина на летото до почетокот на есента со необичен цвет кој малку наликува на калата и се појавува околу дното на стеблата.

    Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата или од листовите. На тој начин што листот се става во влажен супстрат и се одржува таков бидејќи листот брзо се исушува. Додека во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вестиОд соседите и Агро забавакако и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img