Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваАроматичен ликер од дуња и мед

    Ароматичен ликер од дуња и мед

    Ликерот од дуња е ароматичен, вкусен пијалок кој многу лесно се подготвува дома.

    Всушност, постојат многу причини зошто е добро да се пие ликер од дуња. Секако, тоа не значи дека треба да претерате.

    Се препорачува да се консумира по една чашка за ракија од овој корисен ликер дневно, а да се пие исклучиво наутро на празен стомак.

    Доколку не сте навикнати да пиете алкохол и ви пречи неговиот вкус, можете слободно да го разредите со вода.

    Еве како да подготвите домашен ликер од дуња:

    1 кг дуњи

    1 литар домашна ракија

    400 грама багремов мед

    Подготовка:

    Прво, избришете го овошјето со чиста крпа и отстранете ги сите скапани делови. Исечете ги на парчиња и извадете го средишниот дел во кој се наоѓаат семките. Во чиста стаклена тегла ставете ги дуњите, па прелијте ги со ракија. Оставете го месец и пол на темно место.

    По изминатиот период, потребно е да се процеди течноста преку цедалка или газа. Потоа во напитокот додадете го медот од багрем, измешајте и оставете да отстои околу шест недели. Во овој период задолжително одвреме-навреме протресете ја теглата за смесата добро да се соедини. По тој период, исцедете го ликерот од дуња со мед во чисти шишиња и пијте по потреба во мали количини.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вестиОд соседите и Агро забавакако и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Протест на одгледувачите на свињи
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Замија – цвеќе за среќа и пари
    spot_img
    spot_img
    spot_img