Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

More
    домаАгро ВестиПротест на одгледувачите на свињи

    Протест на одгледувачите на свињи

    petel baner

    Малешевските одгледувачите на свињи најавија протест поради, како што велат, најавата за депопулација на свињите.

    Протестот ќе се одржи денеска на регионалниот пат Берово – Виница пред споменикот во село Смојмирово.

    -Одговорно тврдиме дека во Малешевијата нема африканска чума. И не може никој со сила да ни нареди да ги угинеме или да ни ги одземат свињите. Доколку има африканска чума, тука на овие простори слободно нека ни ги одземат свињите и не треба да не обештетат. Затоа на протестот ги покануваме ветеринарните инспектори од АХВ, како и градоначалниците на Берово и Пехчево. Нека ги слушнат нашите барања, со цел ова да се реши на најдобар можен начин, велат организаторите.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Според нив, одлуката за депопулација треба да се поништи за да не се случи најавеното насилно уништување на свињи.

    -После мирниот протест во среда, доколку не се исполнат нашите барања и не се смени одлуката, ќе ја блокираме цела Малешевија. Со организирање на поголем штрајк и блокирање на патните правци на месноста Преведена, Обозна и кај селото Панчарево, 24 часа без прекин, посочија организаторите.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За најавениот протест одгледувачите на свињи од Малешевијата се повикуваат на решението на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во кое според нив стои дека во сите одгледувалишта со висок и среден ризик, како и во комерцијалните одгледувалишта со низок ризик кои имаат 10 и помалку крмаци кои се наоѓаат во 3 и 10 километри радиус околу големите комерцијални одгледувалишта (во кои спаѓа и свињарската фарма во селото Смојмирово во Берово), ќе се изврши депопулација со економско искористување на свињите.

    Во зоната од 10 километри од големите комерцијални одгледувалишта депопулацијата треба да се спроведе најдоцна до 20 октомври 2022 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img