Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ЗабаваМакарони чипс - Хит закуска

    Макарони чипс – Хит закуска

    Макарони чипс – Пристигна нова здрава закуска која ќе го замени класичниот чипс, а лесно се подготвува. Ве предизвикуваме да пробате.

    Чипсот од тестенини стана популарна закуска на интернет. По овие чипсови ќе полудите само кога ќе сфатите дека се потребни само 20 минути за подготовка. Звучи прилично бизарно, но има многу врева околу овој рецепт – доволно е да се каже, досега го гледале повеќе од 27 милиони луѓе на TikTok.

    А еве како да го пробате овој необичен чипс! Се што треба да направите е да ги измешате сварените тестенини со маслиново масло, пармезан и зачини по ваш избор. Покријте го плехот со хартија за печење и намачкајте ги тестенините и печете во рерна на 200 степени околу 20-25 минути, а послужете го со омилениот сос – чили, тартар или сос од јогурт и лук.  

    Еја Фар, кулинарка од Сиднеј која ги води страниците „Гответе со Еја“ на Инстаграм и Фејсбук, неодамна го покажа својот рецепт за крцкава закуска.

    Уживајте!!

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img