Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиАплицирајте за финансиска поддршка за житни култури

    Аплицирајте за финансиска поддршка за житни култури

    petel baner

    До 31 октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со житни култури ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка.

    Финансиска поддршка е наменета за пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над еден хектар. Односно за земјоделците кои оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети и оствариле принос од најмалку 4 000 килограми на хектар, 3 000 килограми јачмен, рж и овес и 1 500 килограми сончоглед.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како што соопшти Платежната агенција, висината на дополнителната финансиска поддршка е 5 760 денари по хектар.

    – Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ, наведува Агенцијата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img