Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиОранжериското производство во Европа намалено за 40 отсто

    Оранжериското производство во Европа намалено за 40 отсто

    petel baner

    За речиси 40 отсто е намалено производството на оранжериите како резултат на Енергетската криза во Европа.

    Поради енергетската криза во Европа предизвикана од руското ембарго за природен гас, оваа година засадувањето на стакленички растенија е намалено за 30-40%.

    Многу европски ланци и добавувачи на супермаркети почнаа да преговараат и потпишуваат договори со производителите од Анталија. Ова е со цел да ги задоволат потребите што ќе се појават поради овој недостаток на производство.

    Шефот на Асоцијацијата на извозници од Западен Медитеран, Умит Мирза Чавушоглу, се осврна на фактот дека Европа западна во сериозна енергетска криза.

    „Според нашите проценки и тековните преговори, производството е намалено за 30-40%. Во тој поглед, Европа веднаш почна да бара решение. Турција се покажа како најважна земја од оваа гледна точка, нагласи Умит Мирза Чавушоглу.

    „Веќе неколку месеци се водат многу сериозни преговори“, продолжи првиот човек на здружението.

    Agrobot

    „Пред сè, големите трговски синџири бараат добавувачи во Анталија и нејзината околина. Целта ни е да го зголемиме приливот на девизи во земјава со што е можно повеќе производство и повеќе извоз“.

    Кај производителите од медитеранскиот и егејскиот регион преовладува очекувањето дека во услови на енергетска криза во Европа, Турција ќе ја задоволи побарувачката за храна и ќе го обезбеди нивното производство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „ Има претставници на трговските мрежи, кои се особено заинтересирани за доматите. Тие директно контактираат со турските производители“, вели Дуигу Озкартал, генерален секретар на Турската унија на оранжерии и инвеститори.

    „Тие сакаат да склучат комерцијални договори за моделот на авансно плаќање и гаранција за купување. Има дури и такви кои сакаат да го преселат оранжериското производство во Турција“, забележува генералниот секретар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img