Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт за кисела пиперка во тегла без конзерванси

    Рецепт за кисела пиперка во тегла без конзерванси

    petel baner

    На нашите простори зимата е незамислива без пиперка. Домаќинките го подготвуваат на безброј начини, а еден од омилените е кисела пиперка во тегла. Киселите пиперки ги сакаме поради нивниот фантастичен вкус и затоа што се одлична салата која се служи со различни јадења.

    За вас подготвивме рецепт за кисела пиперка во тегла, а најдобро е што не содржат конзерванси. Од наведените состојки ќе добиете три тегли кисела пиперка.

    Состојки:

    • 1,5 кг месести црвени пиперки
    • 3 чешниња лук
    • 3 лажички сол
    • 12 лажички шеќер
    • 12 лажички оцет
    • 1 л врела вода
    • зрна бибер
    • магдонос

    Подготовка:

    Измијте ги пиперките, извадете ги семките и стебленцата, па исечете ги на ленти. Наредете ги пиперките вертикално во чисти тегли.

    Лукот ситно исечкајте го.

    Agrobot

    Откако ќе ја наполните теглата, додадете малку лук, зрна бибер и магдонос. Во секоја тегла ставете по една лажичка сол и четири лажички шеќер.

    Истурете четири лажички алкохолен оцет во секоја тегла. Пиперките прелијте ги со врела вода, до врвот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Теглите добро затворете ги со чисти капаци, па ставете ги во рерна на 90 степени и оставете ги така 90 минути.

    По 90 минути исклучете го шпоретот и оставете ја зимницата преку ноќ во шпоретот. Следниот ден пиперките се готови за јадење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img