Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаситеОревите го продолжуваат животот

    Оревите го продолжуваат животот

    petel baner

    Ако сакате да имате долг, здрав и активен живот треба да практикувате да јадете ореви.

    Луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови, имаат поголема веројатност да бидат физички поактивни. Како и помала опасност од срцеви заболувања во подоцнежната возраст. Овој податок е резултат на новото истражување на Факултетот за јавно здравје при американскиот Универзитет на Минесота.

    Agrobot

    – Изгледа дека оние што јадат јаткасти плодови имаат уникатен телесен фенотип што носи со себе други позитивни здравствено делотворни влијанија, како што е подобар квалитет на исхраната. Особено ако јадат јаткасти плодови уште од детството до средина на зрелоста, вели проф. д-р Лин М. Стивен.

    Научниците веруваат дека тоа е поради хранливите состојки во јаткастите плодови и нивното влијание врз целокупното здравје. Тие следеле 3.023 мажи и жени, во распон од 20 години и го споредувале нивното здравје со начинот на исхрана.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оревите се единствениот растителен извор на омега-3 алфа-линоленска киселина, за којашто е докажано дека го поддржува здравјето на срцето и мозокот, како и здравите процеси на стареење. Само една порција ореви (околу грст), има доволна низа хранливи материи корисни за целокупното човеково здравје. Тука, имено, се содржат четири грама протеини, два грама влакна и 45 милиграми магнезиум. Оревите исто така обезбедуваат бројни антиоксиданси, како што се и полифенолите.

    Јадењето ореви е исто така поврзано и со губење на тежината. Луѓето кои јадат ореви покажале значително пониски концентрации на гликоза во крвта од оние коишто не јадат такви јаткасти плодови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img