Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Friday, October 11, 2024

More
    домаАгро ВестиОгревно дрво и пелетите сѐ поскапи. Европа се соочува со недостиг

    Огревно дрво и пелетите сѐ поскапи. Европа се соочува со недостиг

    petel baner

    Сè поголем број Европејци се префрлаат на огревно дрво и пелети. Цените пораснаа поради големата побарувачка и стравот од поскапување на другите енергенси, а доаѓа зимата.

    Огревното дрво достигна рекордно високи цени. Европа се свртува кон оваа, за многумина, алтернативна енергија за да ја компензира загубата на природен гас од Русија и да ги намали зголемените трошоци.

    Otkup na kompiri

    Конфликтот во Украина го потресе светскиот енергетски пазар. Според „ Бизнис инсајдер “, цените се за  1.000 отсто повисоки од пред украинската криза. Деновиве особено загрижува веста за истекување на руски гас на Северен тек и Северен тек 2. 

    Аналитичарите предвидуваат зголемување на сиромаштијата и националниот долг во комбинација со дополнителни негативни последици за животната средина. Затоа, Европската унија се стреми да обезбеди снабдување со енергија. Ветува континуирана помош за да се компензира наглиот пораст на трошоците на потрошувачите.

    Недостаток во Франција 

    Во Франција се засилува недостигот, но и стравот од раст на цените на другите енергенси. Добавувачите велат дека примаат до 100 повици дневно, а цените скокнале за 20 отсто од јуни поради големата побарувачка. Се стравува дека нема да има доволно за сите.

    Зголемен е и бројот на домаќинства кои се греат на овој начин. Во својот извештај за 2019 година, дрвната групација CNDB наведе дека има помеѓу 7,5 и 8 милиони домаќинства кои имаат инсталирано огревно дрво и извор за греење на пелети.

    Во 2022 година, државната енергетска агенција АДЕМЕ објави дека владата има за цел да има 9,5 милиони домаќинства кои користат енергија од огревно дрво до 2023 година и 11,3 милиони до 2028 година.

    agrounik

    Жерар Фелус, директор на компанијата Quality-bûches, рече дека цените на пелетите се тројно зголемени во последните шест месеци. Додека на суровото дрво е зголемена за 20 проценти. Побарувачката започна уште во јули.

    65 евра за метар кубен

    „Нема повеќе залиха никаде, ги штедам моите залихи за лојални клиенти и се надевам дека ќе траат до крајот на зимата “, рече Патрик Хелб , продавач во Мозел. Посочи дека метар кубен се продавал од 55 до 57 евра, а сега цената е од 60 до 65 евра.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На 1 септември ќе стапи на сила промената на законот со која продавачите се обврзуваат на клиентите да им понудат информации за гориво, должина, количина и влажност. Од септември 2023 година, трупците помали од два метри може да се прават само од суво дрво.

    Овие промени се очекува да предизвикаат дополнителен недостиг во иднина, бидејќи се потребни меѓу 18 и 24 месеци за целосно да се исушат трупците и да бидат подготвени да се продадат за огревно дрво.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img