Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаситеКиви - овошје кое го штити здравјето

    Киви – овошје кое го штити здравјето

    petel baner

    Киви е егзотично овошје кое доаѓа од Кина и се смета за национално овошје на Кина. Има интензивен вкус, исклучително сочно, со ситни црни семки кои не го менуваат вкусот.

    Сепак, многумина не знаат дека кивито е една од најздравите намирници. Полно е со антиоксиданси и содржи повеќе витамин Ц од портокалите.

    Кивито е одличен извор на калиум, влакна, витамини А и Е, поради што има многу здравствени придобивки, од кои најважните можете да ги прочитате во продолжение.

    Ги штити очите

    Витамините А, Ц и Е имаат антиоксидантно дејство. Неколку студии докажаа дека киви може да го намали ризикот од макуларна дегенерација поврзана со возраста за 36%. Киви содржи лутеин и зеаксантин, супстанции кои природно се наоѓаат во човечкото око. Лутеинот помага да се филтрира штетната сина светлина, која помага да се спречат очните болести поврзани со староста.

    Киви штити од рак

    Флавоноидите и каротеноидите, кои имаат антиоксидативно дејство, го штитат организмот од слободните радикали. Слободните радикали можат да предизвикаат голем број на болести, вклучително и рак. Кивито ја штити ДНК од оксидативно оштетување, што уште повеќе го намалува ризикот од рак.

    Го штити кардиоваскуларното здравје

    Една студија покажа дека ако јадете киви секое утро, тоа може да го има истиот ефект како аспиринот, кој е познат по тоа што спречува згрутчување на крвта. Кивито го намалува нивото на триглицериди во крвта за дури 15%, што го спречува таложењето на наслаги на ѕидовите на артериите и го чува здравјето на срцето и крвните садови.

    Agrobot
    Го штити респираторниот систем

    Едно истражување покажало дека кивито може да спречи болести на респираторниот систем, а особено е ефикасно кај децата. Истражувањата покажаа дека 5 до 7 порции киви неделно може да ја намалат кашлицата за 27%, отежнато дишење за 32%, назалната иритација за 28% и хроничната кашлица за 25%. Витаминот Ц е одговорен за сето тоа.

    Го штити дигестивниот систем

    Кивито е одличен извор на влакна кои го одржуваат здрав дигестивниот систем. Внесувањето влакна е одличен начин да се ослободи дигестивниот систем од токсините и да се спречи рак на дебелото црево.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Регулира крвен притисок

    Кивито е богат извор на електролит калиум, кој игра важна улога во одржувањето на соодветно ниво на течности во телото. Исто така, го регулира отчукувањата на срцето и крвниот притисок и се спротивставува на негативните ефекти на натриумот.

    Го намалува холестеролот

    Влакната во кивито може да го намалат нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Бидејќи го намалува нивото на холестерол, го намалува и ризикот од срцеви заболувања и срцев удар. Правилниот внес на калиум е неопходен за здраво срце, а кивито е еден од најдобрите извори на калиум.

    Други здравствени придобивки од редовно јадење киви:
    • ги подобрува когнитивните функции
    • го забрзува метаболизмот
    • ги ублажува симптомите на депресија
    • одличен е за трудници бидејќи содржи фолна киселина
    • промовира губење на тежината
    • спречува појава на астма
    • спречува рак на дебелото црево

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img