Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

More
    домаАгро ЗабаваПрироден мелем од див костен за проширени вени

    Природен мелем од див костен за проширени вени

    Плодовите на див костен уште од античко време се користеле како добиточна храна и како лек за коњите. Но, корисен е и за луѓето бидејќи има бројни лековити својства.

    Див костен цвета од мај до јуни, а плодот зрее во септември или октомври.

    Во алтернативната медицина најчесто се користат плодовите од дивиот костен, но лековити се и листот и цветот, како и кората.

    Плодовите од дивиот костен се користат за лекување на проблеми со протокот на крв. Како што се проширени вени, воспаление на вените, едем (оток), како и за зголемување на тонусот на вените.

    Најчесто се прават креми, гелови и масти на база на див костен, кои имаат антиинфламаторно дејство и го намалуваат отокот, воспалението. Ги прошируваат крвните садови, ги ублажуваат грчевите. Го намалуваат крвниот притисок, влијаат на спроводливоста на капиларите и го забрзуваат протокот на крв низ вените.

    За мелем од костени ви треба 12-15 зрели плодови од див костен (свежо набрани) и 2,5 дл домашна ракија.

    Костенот ситно нарендајте го со кората, ставете во стаклена тегла и прелијте со ракијата. Оставете да  отстои 6-8 недели.

    Додадете неколку капки во вода и пијте за циркулација на крвта, проширени вени, хемороиди…

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img