Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ВестиНи претстои уште една зима без снег?

    Ни претстои уште една зима без снег?

    petel baner

    Зима без снег се предвидува за поголемиот дел од европскиот континент. Нормални и натпросечни температури може да се очекуваат во одредени области во централна Европа.

    Метеоролошката служба Severe Weather Europe ги објави прогнозите за снежни врнежи за зимата 2022/2023 година.

    Тие наведуваат дека влијанието на важниот двигател на климата Ла Нина ќе продолжи, но на крајот на зимата треба да заврши нејзиното тригодишно значење и да започне неутрален временски период. Тоа директно ќе влијае на Северна Америка, додека други фактори ќе бидат присутни во Европа.

    Помалку снег?

    Зима без снег, или помалку врнежи се очекуваат во поголемиот дел од европскиот континент. Нормални и натпросечни температури може да се очекуваат во одредени области во централна Европа.

    Прогнозата за декември покажува посилни негативни аномалии. Системот со висок притисок ќе доведе до помали врнежи, додека зголемување се очекува во јануари.

    Поголемиот дел од Европа ќе има потенка снежна покривка, додека одредени централни и западни области сè уште очекуваат повеќе врнежи. Повеќе од нив се прогнозираат за централниот дел во февруари, а во последниот зимски месец март, послаби врнежи од дожд и снег ќе има на останатиот дел од континентот. Повеќе го предвидуваат на север.

    Agrobot

    Над Гренланд и Исланд, поле со висок притисок ќе ги наруши западните струи. Поле со низок притисок ќе биде над западна Европа и Азорските Острови и ќе донесе просечни температури. Истовремено, голема е можноста за натпросечни температури во централна Европа. Поголема количина на врнежи се предвидува за медитеранското подрачје.

    Повеќе снег во Северна Америка

    Ла Нина ќе донесе повеќе снег на северот од американскиот континент. Декември го носи во северозападниот дел, а во остатокот од САД помалку ќе паѓа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Многу повеќе снег се предвидува за Канада, особено во јужните области. Во јануари ќе врне дожд во САД и Канада, додека февруари носи потопло време во повеќето делови.

    За да се добијат најточни податоци, оваа услуга користи три модели: европскиот ECMWF и моделот CFSv2 од САД, кој е комбиниран со северноамериканскиот NMME.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img