Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

More
    домаАгро советиПроникнување на семето во внатрешноста на плодот

    Проникнување на семето во внатрешноста на плодот

    ‘Ртење на семето во внатрешноста на плодот најчесто се случува во доматите, пиперките, јаболката, крушите, тиквичките, дињите и агрумите.

    Појавата на семиња кои никнале во внатрешноста на плодот често ги збунуваат потрошувачите. Секоја година има дискусии за нивната можна штета. Дали се јадливи, отровни или дури ГМО? 

    Овој феномен е природен и се нарекува Вивипарија. Терминот потекнува од латинскиот јазик и во превод значи роден жив. Карактеристично е за одредени сорти на зеленчук и овошје, како и за животни. Најмногу го има во доматите, пиперките, јаболката, крушите, тиквичките, дињите и агрумите. Потрошувачите најчесто го забележуваат кај купените домати.

    Се намалува содржината на хормонот кој го контролира мирувањето на семето, а внатрешноста на плодот е темна и влажна, идеална за ‘ртење. Кога стојат подолго време, на површината на плодот што се распаѓа може да се појават млади растенија.

    Неколку причини за ‘ртење

    Постојат неколку причини зошто се јавува оваа појава: определување на сортата, несоодветни услови за складирање и грешки во начинот на одгледување.

    Одредени сорти се повеќе склони кон појава на ‘ртење на семето додека се во плод. Тоа е особено изразено кај доматите во години кога процесот на зреење е долг. Таквите плодови содржат помалку киселини и шеќери кои го запираат ‘ртењето.

    Сортите кои имаат добар рок на траење може да покажат склоност кон вивипарија, како и оние чии плодови имаат долг период на зреење, односно доцните сорти чии плодови во магацините можат да чекаат до пролет.

    Грешки во одгледувањето

    Се случува производителите, за да го зголемат приносот, да ја преутеруваат со употребата на азотни ѓубрива и стимулатори за раст. Во такви услови се формираат и зреат плодовите, кои стануваат идеална средина за ‘ртење на семето.

    Ова е местото каде што доматите се најмногу изложени на ризик, особено ако рамнотежата помеѓу снабдувањето со вода и хранливите материи за растенијата дополнително се нарушува за време на одгледувањето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img