Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро советиСместување на телиња во услови на ниски температури

    Сместување на телиња во услови на ниски температури

    Сместување на телиња – Телињата се почувствителни на студ отколку старите категории. Брзо губат топлина поради нивната релативно поголема површина на телото во споредба со нивната телесна маса. 

    Тие се раѓаат со мали количини на телесни резерви. Телињата се раѓаат влажни и се многу подложни на смрзнатини и хипотермија. Во екстремни случаи, телињата може да ги изгубат врвовите на ушите, да имаат проблеми со нозете и копитата, па дури и да угинат.

    Затоа е важно правилно сместување на телиња. Веднаш по раѓањето да се загреат и исушат. Потоа, треба да им се дозволи да цицаат колострум. Кога се суви и напоени, може да се префрлат во поединечни засолништа од врнежи и ветер каде што имаат длабока, чиста и сува подлога. Овие засолништа најчесто се во форма на иглуа, а во пракса одлично се докажале. Во случај на екстремно високи температури, телињата се облечени во специјални јакни кои ја намалуваат загубата на топлина. Ова е практика која се покажала многу успешна во некои земји во комбинација со длабоки душеци и засолништа. Од сето наведено може да се види дека на кравите не им е ладно. Но само доколку се применат основни зоотехнички мерки за да се осигура дека кравите се суви, со обезбедени доволни количини квалитетна храна и вода.

    Термички неутралната зона за телињата е 13-20˚C, со релативна влажност од 65-80%. Телињата можат да се прилагодат на ниски температури ако имаат сува подлога, заштита од ветер и провев, врнежи и ако релативната влажност е оптимална.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img