Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ВестиУкината одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

    Укината одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

    Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено) престана да важи.

    Одлуката ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија.

    – Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен во соработка со МЗШВ. Се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан. Кој е потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград. Со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи, информира владината прес-служба.

    Одлуката за ограничување на извозот на пченица и брашно беше донесена во јули годинава. Со цел да се заштити домашното производство. Како и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар за да се избегне растот на цените. 

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img