Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

More
    домаАгро ВестиНестле инвестира во поодржливо одгледување кафе

    Нестле инвестира во поодржливо одгледување кафе

    petel baner

    Нестле ќе инвестира повеќе од една милијарда швајцарски франци (околу 1 милијарда долари) до 2030 година. Со оваа мерка сака да ги поттикне фармерите за кафе кои го снабдуваат брендот Нескафе да усвојат поодржливи методи на земјоделство. Климатските промени и екстремните временски услови се повеќе ги загрозуваат посевите.

    Нестле на одгледувачите ќе им понуди обука за најдобрите техники на садење. Компанијата ќе обезбеди парични стимулации за да ги мотивира земјоделците да преземат активности. Такви се садење покривни култури за заштита на почвата.

    Otkup na kompiri

    Компанијата вклучува повеќе од 500.000 фармери кои произведуваат кафе за брендот Нескафе. Планира да го зголеми бројот на одгледувачи со кои работи за прашањата за одржливост за 200.000.

    agrounik

    Климатските промени ги загрозуваат резервите на кафе, чии насади растат во близина на екваторијалниот појас. Тој е најподложен на екстремни временски услови, вклучувајќи суши и урагани.

    Зголемените температури се долгорочна закана и би можеле да ја намалат површината погодна за одгледување кафе

    Зголемените температури се долгорочна закана и би можеле да ја намалат површината погодна за одгледување кафе за 50 отсто до 2050 година, според Интерамериканската банка за развој. Минатогодишните мразови во Бразил ги намалија и приносите во 2022 година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Ако сега не ги преземеме соодветните чекори, за 20 или 30 години нема да имаме фарми за кафе – изјави шефот на секторот за кафе во Нестле, Дејвид Рени.

    Целта на компанијата Нескафе е до 2025 година, една петтина од кафето да се одгледува со регенеративни методи, а до 2030 година таа количина да достигне половина од залихите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img