Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЧаеви за подобро здравје

    Чаеви за подобро здравје

    Сите чаеви се природен лек богат со антиоксиданси. Чајот има благотворно дејство за човековото здравје и предизвикува многубројни позитивни ефекти.

    За да се стоплиме во ладните зимски денови и да го зајакнеме нашиот имунитет треба да пиеме чаеви.

    Нашиот имунолошки систем во зима е послаб и потребно е да консумираме продукти кои ќе ни помогнат да се заштитиме од грипот и настинката.

    Чајот е одличен извор на полифеноли, витамини, минерали и аминокиселини што го поттикнуваат организмот да се прочисти на тој начин што ги исфрла штетните материи и отровите од организмот.

    Набавете ги овие три чаеви и започнете со нивната консумација. 

    Чај од хибискус

    Цветот на овој чај е еден од најубавите во светот, а е препознатлив по црвената боја и киселата арома. Неговото дејство меѓу народот е познат повеќе од стотина години, а значително помага во регулирање на телесната маса.

    Како одличен извор на витамин Ц, чајот од хибискус делува при детоксификација и помага при чувството на надуеност. Доколку сакате да ги почувствувате позитивните ефекти од овој чај, дневно се препорачуваат 1-2 шолји.

    Чај од коприва

    Како дар од природата, копривата е најдобро средство за прочистување на крвта. Ова растение содржи витамин А, минерални соли, растителни хормони, а се препорачува како природен лек против слабокрвност.

    Чајот од коприва помага во ослободувањето од токсини во организмот, поволно влијае на расположението и го намалува чувството на потиштеност. Може да се употребува при намален имунитет, алергии, несоница и нервоза.

    Зелен чај

    Содржи минерали што го поттикнуваат губењето на телесната тежина, но благотворно делуваат на целиот организам. Зелениот чај е ефикасно средство за прочистувањето на организмот, бидејќи го зголемува производството на клучните ензими и на тој начин го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img