Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

More
    домаАгро ВестиПовик за обука за економско јакнење на жените земјоделки

    Повик за обука за економско јакнење на жените земјоделки

    Општина Кочани објави повик за обука на жени земјоделки за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи.

    Ова обука ќе се реализира во рамки на серијата тематски обуки за економско јакнење на жените.

    Приоритет во спроведувањето на обуката ќе има подобрувањето на пристапот и зголемувањето на конкурентноста на жените на пазарот на труд. Преку унапредување на нивните бизнис-вештини, како и подобрување на вештините за вработување и самовработување.

    Исто така, ќе се работи на подобрување на конкурентноста на пазарот на компаниите што ги предводат или се во сопственост на жени.

    – Според критериумите во конкурсот, кандидатките кои ќе пројават интерес треба да се на возраст од над 18 години. Со минимум завршено средно образование и да се жителки на општина Кочани. Во обуката што ќе се спроведе онлајн. Ќе бидат опфатени 20 жени кои треба да се невработени или вработени во земјоделскиот сектор. Да имаат идеја за започнување земјоделски бизнис, сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или да се косопственички на таков бизнис. Предност ќе имаат жените чии бизниси не се постари од пет години. Пријавувањето за учество на обуката е електронски или со писмена пријава во Општина Кочани, најдоцна до 2 ноември. При изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена, истакна Љубинка Ајтовска, координаторка за еднакви можности на жените и мажите во општина Кочани.

    Од локалната самоуправа на Кочани ги повикуваат да се пријават и жените од ранливите категории, односно самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство и жени со попреченост.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img